Поддршка од началниците на генералштабовите на 13 земји на операцијата Еуфратски штит на Турција

На состанокот „Сојуз за борба против ДАЕШ“ во главниот град на Саудиска Арабија Ријад учествуваа началници на генералштабовите на 14 земји меѓу кои беше и началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар

652380
Поддршка од началниците на генералштабовите на 13 земји на операцијата Еуфратски штит на Турција

Од состанокот „Сојуз за борба против ДАЕШ“ што се одржа во главниот град на Саудиска Арабија Ријад пристигна подршка на операцијата Еуфратски штит која што ја реализира Турција во северниот дел на Сирија.

На состанокот учествуваа началници на генералштабовите на 14 земји меѓу кои беше и началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар.

Учесниците на состанокот во објавеното соопштение истакнаа дека се дава поддршка на операцијата Еуфратски штит која што се реализира од страна на Турција од 24 август досега против терористичката организација ДАЕШ во Сирија и се вели следното: „На состанокот е постигнат компромис за продолжување на напорите за уништување на терористичката организација ДАЕШ и секоја земја да се приклучи кон меѓународната борба против ДАЕШ онолку колку што може.“

Во соопштението се упатува повик за приклучување и давање поддршка на меѓународната борба што се води против тероризмот и се истакнува дека меѓу началниците на генералштабовите и делегациите на земјите учесници ан состанокот беше разговарано и беа разменети мислења во однос на димензиите на борбата против ДАЕШ и чекорите од кои што постои потреба во овие услови. 

Во соопштението се нагласува дека сите земји кои учествуваа на состанокот се убедени оти ДАЕШ претставува закана од аспект на регионот и меѓународната заедница, дека се осудуваат масакрите и прекршувањата на човековите права кои што ги реализира ДАЕШ против недолжните луѓе и цивилите без оглед на нивната расна, верска и политичка припадност, дека злосторствата кои што се реализираат се извршени злосторства против човештвото, дека земјите учеснички на состанокот треба да водат борба против нив во секоја сфера и во секоја димензија и дека треба да се спречи злосторствата кои што се вршат да бидат пренесени во други нови делови на светот.



Слични вести