По авионската несреќа Чавушоглу го побара по телефон својот киргиски колега Абдилдаев

По веста за уривањето на турски карго авион врз едно село во Киргистан во близина на главниот град Бишкек министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го побара по телефон киргискиот министер за надворешни работи Ерлан Абдилдаев

652101
По авионската несреќа Чавушоглу го побара по телефон својот киргиски колега Абдилдаев

Турција ги следи одблизу случувањата во врска со карго авионот на авиопревозникот MyCARGO со турско партнерство кој што утрово се урна врз едно село во Киргистан во близина на главниот град Бишкек.

Во тие рамки министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го побара по телефон киргискиот министер за надворешни работи Ерлан Абдилдаев.

Чавушоглу го изрази своето сочувство до својот киргиски колега Абдилдаев за загинатите во несреќата од кои повеќето се селани на селото врз кое се урна краго авионот, а воедно доби и информации во врска со оваа трагична несреќа. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу освен тоа во телефонскиот разговор истакна дека Турција е подготвена да ја достави секој вид поддршка по прашањето.



Слични вести