Генерал Акар на 176.состанок на воениот комитет на НАТО во Брисел

Главна тема за дискусија на состанокот е борбата против терористичката организација ДЕАШ и воената операција на турските сили зад границата во Сирија Штитот на Еуфрат

652490
Генерал Акар на 176.состанок на воениот комитет на НАТО во Брисел

Генерал на Армија и началник на генералштабот на турските вооружени сили Хулуси Акар ќе ја претставува Турција на 176.состанок на воениот комитет на НАТО.

Состанокот ќе се одржи во Брисел од 17 до 18 јануари годинава а на истиот се поканети началници на генералштабови на НАТО сојузниците.

Главна тема за дискусија на состанокот е точката посветена на борбата против терористичката организација ДЕАШ и воената операција на турските сили зад границата во Сирија позната како Штитот на Еуфрат.

Инаку генерал на армија Акар зеде учество и на состанокот на воениот комитет на НАТО што минатиот септември се одржа во Хрватска.

 



Слични вести