Датумот за референдум за уставните измени најрано ќе се одржи на 26 март

Партијата за правда и развој АКП планира целиот предлог за уставните измени до собранието да го достави најдоцна до 20 или 21 јануари

652178
Датумот за референдум за уставните измени најрано ќе се одржи на 26 март

Според предвидувањата, најрано референдумот би можел да се одржи на 26 март, а најдоцна на 16 април.

Во случај предложените уставни измени се изгласаат со 330 и повеќе гласови, тогаш вниманието на јавноста ќе се сврти кон референдумот.

Партијата за правда и развој АКП планира целиот предлог за уставните измени до собранието да го достави најдоцна до 20 или 21 јануари.

Во тој случај нацрт-законот на 23 и 24 јануари се очекува да му се достави на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Зависно од тоа колку дена ќе употреби претседателот Ердоган за одобрување на измените од законски дозволените 15 дена, ќе се определи и конечниот датум на референдумот.

Според предвидувањата, референдумот се очекува да се одржи првата недела откако ќе поминат 60 дена од објавувањето на датумот за референдум во Службениот весник на РТ.

Според календарот, референдумот најрано ќе може да се одржи на 26 март, а најдоцна на 16 април.



Слични вести