Турција и Русија потпишаа записник за соработка во Сирија

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека Турција и Русија потпишаа записник за соработка во Москва со цел воспоставување на безбедноста на летовите и спречување за да не дојде до непожелни настани за време на операциите во Сирија

650335
Турција и Русија потпишаа записник за соработка во Сирија

Турција и Русија потпишаа записник за соработка во Москва со цел воспоставување на безбедноста на летовите и спречување за да не дојде до непожелни настани за време на операциите во Сирија.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека во Москва извесно време се одржуваат состаноци помеѓу делегациите на Руската Федерација и Турските воружени сили.

Во соопштението се вели дека последниот од овие состаноци се одржа вчера помеѓу делегациите на генералштабовите на Русија и Турција и дека на крајот од овој состанок беше потпишан записник за соработка.

Во истото соопштение се додава дека во записникот за соработка се определени механизмите во врска со координацијата и соработката за безбедноста на летовите на авионите на руските воздушни сили и турските воздушни сили за време на операциите кои што се реализираат врз терористичките цели во Сирија.



Слични вести