Чавушоглу: Разговорите за Кипар ќе продолжат на 18 јануари на ниво на експерти

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по Кипарските преговори во Женева истакна дека разговорите ќе продолжат на 18 јануари на ниво на експерти

650399
Чавушоглу: Разговорите за Кипар ќе продолжат на 18 јануари на ниво на експерти

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по Кипарските преговори во швајцарскиот град Женева подвлече дека за изнаоѓање решение за Кипарскиот проблем секој треба да биде искрен и дека не треба да се води краткорочна политика, а  воедно напомена дека решението ќе обезбеди корист за секото.

Велејќи дека ставот на Турција по прашањето на гаранторството и безбедноста е јасен, Чавушоглу рече: „Ние како Турција јасно го изнесовме нашиот став по прашањето на гаранторството и безбедноста. Во тоа се поклопуваме и со властите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Постои една уочлива вистина а тоа е дека гаранторството и гаранцијата на Турција се од животно значење за кипарскиот турски народ.“

Мевлут Чавушоглу истакна дека разговорите ќе продолжат на 18 јануари ниво на експерти и рече: „Секоја земја ќе ги подготви своите конкретни предлози во своите главни градови. Со помош и на ОН повторно ќе се состанат експертите и ќе се направи проценка. Откако ќе бидат направени сиве овие проценки ќе се состанат министрите за надворшени работи на земјите гарантори Турција, Грција и Велика Британија и доколку се добие резултат одовде ќе се состанат премиерите на земјите гарантори.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно додаде дека и покрај тоа што постојат проблеми во голем број места во регионот благодарение на гаранторството на Турција на Кипар не постои било какво проблем.



Слични вести