Собранието на Турција ги усвои првиот и вториот член од предлогот за уставни измени

Првиот член од пакетот за уставни измени беше усвоен со 347, а вториот член со 343 гласа „за“

648937
Собранието на Турција ги усвои првиот и вториот член од предлогот за уставни измени

На синоќешната пленарна седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беа усвоени првиот и вториот член од предлогот за уставни измени.

На гласањето за првиот член на кое се гласаше тајно учествуваа вкупно 484 пратеници од кои 347 гласаа „за“, 133 пратеници се изјаснија „против“, двајца беа воздржани, две гласачки ливчиња беа празни, а едно гласачко ливче беше неважечко.

На чинот на гласање за вториот член пак учествуваа вкупно 480 пратеници од кои 343 гласаа „за“, 133 се изјаснија „против“, еден беше воздржан, две гласачки ливчиња беа празни, а едно гласачко ливче беше неважечко. 

На тој начин беа усвоени првиот и вториот член од предлогот за уставни измени.

Првиот член предвидува да се направи измена во насловот „судска надлежност“ и според тоа одредбата „судската надлежност во име на турскиот народ ќе се користи од страна на независни судови“ ќе се промени во „ќе се користи од страна на независни и самостојни судови.“

Вториот член пак предвидува бројот на пратеници во собранието од сегашните 550 да се зголеми на 600 пратеници.

Потпретседателот на собранието Ахмет Ајдин по соопштувањето на резултатот и од гласањето за вториот член уставни измени прогласи пауза.

Собранието ќе продолжи со работа денеска во 14:00 часот според турско време со што ќе продолжат и дискусиите во врска со наредните членови од пакетот уставни измени.



Слични вести