Министерот за одбрана Фикри Ишик: Присуството на турските војници во кампот Башика ќе продолжи

Во врска со изјавите кои што од вчера наваму пристигнуваат од ирачките функционери околу тоа дека турските војници ќе се повлечат од кампот Башика, министерот за одбрана Фикри Ишик повтори дека овдешното присуство на турските војници ќе продолжи

649114
Министерот за одбрана Фикри Ишик: Присуството на турските војници во кампот Башика ќе продолжи

Министерот за одбрана Фикри Ишик одговараше на прашањата на новинарите во градот Кириккале и притоа повтори дека турските војници ќе останат во кампот Башика во Ирак се до исчистувањето на градот Мосул од терористичката организација ДАЕШ.

На едно поставено прашање во врска со изјавите кои што од вчера наваму пристигнуваат од ирачките функционери околу тоа дека турските војници ќе се повлечат од Башика, Фикри Ишик рече: „Исчистувањето на Мосул од ДАЕШ онолку колку што е значајно за Ирак толку е значајно и за Турција. Присуството на турските војници во Башика е мошне значајно. Досега се неутрализирани 700 терористи, членови на терористичката организација ДАЕШ.“

Министерот за одбрана Фикри Ишик воедно го додаде и тоа дека по исчистувањето на целиот регион од терористичките елементи прашањето со кампот Башика ќе се разгледа повторно со ирачките функционери. 

Премиерот Бинали Јилдирим на крајот од минатата недела престојуваше во посета на Ирак и притоа истакна дека ќе продолжи присуството на турските војници во кампот Башика.



Слични вести