Турција е исправена пред напади од внатре и од надвор

Овие напади се резултат на тоа што сме силни и што стануваме уште посилни истакна претседателот Ердоган

648304
Турција е исправена пред напади од внатре и од надвор

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција е исправена пред напади од внатре и од надвор.Овие напади се резултат на тоа што сме силни и што стануваме уште посилни.

Претседателот Ердоган прими делегација на кајмаками и во говорот во оваа прилика истакна:

Првиот услов на успехот е да се обезбеди мир и просперитет во земјата.Средините кои не го сакаат тоа ги поттикнуваат терористичките организации на напади против Турција како да работат на смени.

Заклучно со неуспешниот обид за воен удар на 15 јули овие средини ги искористија и сеуште ги користат сите средства. Иако носат различни имиња тие се дел од една организација,која ние ја нарекуваме терористичка а нивните членови терористи,бидејќи тие се непријатели на нашата држава и на нашиот народ.

Со чудење гледаме како дел од земјите кои се до неодамна борбата против ДЕАШ ја имаа ставено на прв план,сега уште што не ја земаат под покровителство.

Еден по еден паѓаат сценаријата нацртани на хартија на овој регион без да се води сметка за историскиот,верскиот,етничкиот и културниот состав на населението.Ете токму во еден ваков хаос Турција вложува напори да го направи најдоброто како за себе така и за своите браќа.

Решението е во постигнување мир во Ирак и во Сирија бидејќи сето она што се случува таму директно ја засега и Турција,што не можам да го кажам и за останатите земји,подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести