Од премиерот Бинали Јилдирим до Европа: Безбедноста на Европа почнува од Турција

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека безбедноста на Европа почнува од Турција и рече: „Доколку не е безбедна Турција никако нема да биде безбедна  и Европа.“

648424
Од премиерот Бинали Јилдирим до Европа: Безбедноста на Европа почнува од Турција

Премиерот Бинали Јилдирим во одржаниот говор на ручекот што го приреди во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара за учесниците на 9-тата амбасадорска конференција истакна дека пријателска и сојузничка Европа прави разлика меѓу терористичките организации.

Јилдирим истакна дека безбедноста на Европа почнува од Турција и рече: „Доколку не е безбедна Турција никако нема да биде безбедна  и Европа.“

Премиерот Бинали Јилдирим продолжи со следните зборови: „Кога е во прашање сепаратистичко-терористичката организација ПКК толерантно, кога е во прашање ДАЕШ нетолерантно. Да се претпочита една од терористичките организации за друга претставува најголемо предавство за човештвото и светскиот мир.“

Велејќи дека примедбата на Турција кон европските земји произлегува од тоа што по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули наместо да го осудат овој обид за преврат со висок глас велеа да не се „малтертираат повеќе пучистите“, Јилдирим рече: „Тоа не е можно. Најпрвин ќе го осудите воениот удар без било какво двоумење, а потоа до крај ќе верувате дека Турција е правна држава. Турција нема потреба од лекција по право, Турција го применува сопственото право онака како што тоа го налагаат универзалните услови.“

Осврнувајќи се и на Кипарските преговори кои што продолжуваат во Швајцарија, Јилдирим нагласи дека треба да се земе под гаранција праведниот и еднаков систем на управување на осторовот и рече: „Не е доволно само заедниците да имаат доверба една кон друга. Под светлината на болните искуства кои што беа доживеани во изминатите периоди се треба да се земе под гаранција.“

Премиерот Бинали Јилдирим напомена дека гаранцијата пак за турската страна е Турција, а за грчката Грција, а воедно истакна дека најголема желба на Турција е преговорите да продолжат со заедничко воспоставување на праведниот и траен мир и со формирање на ротационо претседателствување со држава составена од две федерации.

Јилдирим додаде дека Турција го дава и ќе продолжи да го дава својот придонес за постигнување на тоа.



Слични вести