Кирби: За нас ПКК продолжува да е со статус на терористичка организација
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Џон Кирби истакна дека САД ја дефинираат ПКК како терористичка организација и рече: „За нас ПКК продолжува да е со статус на терористичка организација“

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби на одржаната редовна дневна конференција за претставниците на печатот одговараше на прашањата во врска со присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на верижните планини во областа Синџар во северозападниот дел на Ирак.
Кирби истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК продолжува да претставува регионална закана насочена против Турција и рече: „Ние ја поддржуваме Турција и борбата што ја води против тероризмот.“
Потсетувајќи дека САД ја дефинираат ПКК како терористичка организација, Џон Кирби додаде: „За нас ПКК продолжува да е со статус на терористичка организација.“
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Џон Кирби и во дадената изјава на 16 декември привлече внимание дека ПКК е структура која од страна на САД се дефинира како терористичка организација и рече: „ПКК не би требало да заземе било каква улога во Синџар.“
Од друга страна и премиерот Бинали Јилдирим во изјавата што ја даде по оставераната посета на Ирак на крајот на неделата во врска со ова прашање ја изнесе следната констатација: „Стационирањето на ПКК во областа Синџар претставува национално прашање за Турција. За ова прашање разговаравме детално. Или Ирак и силите Пешмерги ќе ја протераат ПКК од оваа област или Турција ќе го направи неопходното.“
На прашањето со Синџар привлече внимание и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на церемонијата на назначување на службени должности на блиските на газиите и шехидите што се одржа во Културниот и конгресниот центар Бештепе во претседателската палата, пред посетата на премиерот Бинали Јилдирим на Ирак.
Притоа претседателто Ердоган истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК планира Синџар да го претвори во нов Кандил и дека не може да се дозволи да дојде до тоа.
Слични вести
