Ернест: Не се очекува развој пред 20 јануари во врска со барањето на Турција за предавање на Ѓулен

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест истакна дека не очекуваат да дојде до одреден развој пред 20 јануари во врска со барањето на Турција за предавање на  челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен

648314
Ернест: Не се очекува развој пред 20 јануари во врска со барањето на Турција за предавање на Ѓулен

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на одржаната редовна дневна конференција за претставниците на печатот одговараше на поставените прашања во врска со барањето на Турција за предавање на челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен.

Ернест истакна дека не очекуваат да дојде до одреден развој пред 20 јануари во врска со барањето на Турција за предавање на  челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен и рече: „Секретаријатот за правда неколкку месеци работи блиску со своите турски колеги за утврдување на тоа какви докази постојат кои што ќе го поддржатбарањето на турската влада за предавање на Фетулах Ѓулен.“

Велејќи дека не располага со актуелни информации за тоа во која фаза е овој процес, Џош Ернест воедно на прашањето во однос на тоа дали треба да се очекува да дојде до одреден развој во врска со прашањето пред 20 јануари, нагласи дека овие видови процеси одземаат време и одговори: „Не знам“.

Правејќи проценка и во врска со последниот остварен телефонски разговор на американскиот претседател Барак Обама со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ернест потсети дека претседателот Обама го изрази своето сочувство до претседателот Ердоган за загинатите во терористичкиот напад на новогодишната ноќ во Истанбул.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест рече: „Турција е мошне значаен сојузник на НАТО. И покрај некои наши разлики кои што се појавуваат ретко ние и придаваме вредност на нашата силна соработка со Турција.“

Ернест воедно нагласи дека најзначаен приоритет на Вашингтон и Анкара е безбедноста на нивните граѓани.



Слични вести