„Терористите на ФЕТО и ПКК во некои земји се дочекуваат како обесправени и им се нуди право на азил“

Претседателот Ердоган рече: „Терористите на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и на сепаратистичката терористичка организација ПКК во некои земји се дочекуваат како обесправени.“

647615
„Терористите на ФЕТО и ПКК во некои земји се дочекуваат како обесправени и им се нуди право на азил“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на 9-тата амбасадорска конференција која што започна денеска во Анкара и во оваа прилика истакна дека западниот свет им нуди право на азил на терористите во така да се каже златна тепсија.

Ердоган рече: „Терористите на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и на сепаратистичката терористичка организација ПКК во некои земји се дочекуваат како обесправени.“  

Нагласувајќи дека обидот за воен удар на ФЕТО на 15 јули и покрај тоа што не е прво, претставува најподло и најголемо предавство на државата и народот во историјата, претседателот Ердоган го критикуваше тоа што припадниците на пучистичката Фетулахистичка терористичка организација ФЕТО како убијци чии раце се извалкани со крв во некои европски земји се дочекуваат како обесправени и им се нуди право на азил во овие земји. 

Претседателот Ердоган своите критики ги продолжи со следните зборови: „Онака како што 15 јули ги оддели предавниците и вљубениците во својата татковина внатре во земјата, истата задача ја оствари и надвор. На терористите на ФЕТО и ПКК им се нуди право на азил на во златна тепсија, во некои земји се дочекуваат како обесправени.  Оние кои ги бркаат оние кои за да го спасат својот живот доаѓаат на нивната врата за една чинија супа, им ги отвораат своите врати на пучистите. Членот на ФЕТО кој е внесен во црн список се назначува за ректор на универзитет во САД.“

Велејќи дека непријателството кон исламот и странците кое што владее во светот се поставени како приоритетни прашања на дневниот ред на Турција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган укажа на тоа дека некои западни политичари кои не можат да ги решат своите економски и политички проблеми се бават со ова прашање и продолжи со следните зборови: „Согледуваме дека се зголемуваат нападите врз работните места и верските објекти на нашите граѓани во Европа. Тоа значи игра со оган. Културниот расизам кој што е во подем во Западот сериозни ги зголемуваат нашите грижи по прашањето на безбедноста на муслиманското малцинство во овие земји. Тоа е мошне опасно и за егзистенцијата на мирот и спокојството во целиот свет.“

Претседателот Ердоган истакна дека турската заедница која води борба против антиисламизмот и културниот расизам не е сам и додаде дека треба да се здружат силите со другите муслимански заедници и мигрантите кои се соочуваат со истиот проблем и на тој начин да се води заедничка борба.



Слични вести