Претседателот Ердоган разговараше преку телефон со турските војници на задача во кампот Башика во Ирак

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор на турските војници кои се наоѓаат на задача во кампот Башика во близина на градот Мосул во Ирак им го рече следното: „Вие таму во моментов се наоѓате како јунаци кои се испречени пред зулумот.“

646947
Претседателот Ердоган разговараше преку телефон со турските војници на задача во кампот Башика во Ирак

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во моментот на посетата на министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за одбрана Фикри Ишик и министерот за здравство Реџеп Акдаг на кампот Башика за време на посетата на премиерот Бинали Јилдрим на Ирак, оствари телефонски разговор со војниците на задача во кампот.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор на турските војници кои се наоѓаат на задача во кампот Башика во близина на градот Мосул во Ирак им го рече следното: „Вие таму во моментов се наоѓате како јунаци кои се испречени пред зулумот.“

Ердоган им честита на сите војници во кампот Башика за успешното исполнување на својата задача и рече: „Посакувам вашите успеси во кампот Башика да продолжат со уште повеќе зголемување. Иншаллах Аллах нека биде со вас и нека ви биде на помош. Вие таму навистина пишувате еп.“

Велејќи „Вие таму во сериозна смисла и зададовте удар и во сериозна смисла и наплативте сметка на терористичката организација ДАЕШ“, претседателот Ердоган ја изнесе следната констатација: „Тоа што и во борбата која што се води во Сирија се неутрализирани приближно 1.300 припадници на ДАЕШ е мошне значајно од аспект на покажување на овдешната сила на турскиот војник.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање до турските војници во кампот Башика рече: „Од Турција во мое лично име и во име на мојот народ со најдлабоки чувства ја изразувам мојата благодарност до сите наши војници во кампот Башика. Обуката која што вие таму им ја давате како на силите Пешмерги така и на нашите браќа во Мосул ќе биде од мошне голема корист и ќе има позитивен придонес за мирот и случувањата во регионот. Вие таму во моментов се наоѓате како јунаци кои се испречени пред зулумот. Им честитам на нашите сили кои таму даваат обука. До овој момент процесот во Башика продолжува со мошне голем успех. Разговорите кои што ги оствари господинот премиер со централната управа поминаа продуктивно и ги добив вестите за тоа. На враќање ќе направиме проценка и на сето тоа и иншаллах ќе ги фрлиме новите подобри чекори во регионот. Јас вам повторно ви честитам. Бидете еднакви, заедно, бидете големи, браќа, сите заедно бидете Турција.“

Премиерот Бинали Јилдирим исто така во остварениот телефонски разговор им посака успех на турските војници на задача во кампот Башика во близина на градот Мосул во Ирак.



Слични вести