Поранешен ректор обвинет во врска со судски процеси против ФЕТО стана ректор во САД

Шериф Али Текалан, поранешен ректор во врска со кого во Турција се донесени одлуки за негово апсење и кој се води како обвинет во врска со низа судски процеси против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО стана ректор во САД

647257
Поранешен ректор обвинет во врска со судски процеси против ФЕТО стана ректор во САД

Поранешниот ректор на Универзитетот Фатих Шериф Али Текалан во врска со кого во Турција се донесени одлуки за негово апсење стана ректор во САД.

Шериф Али Текалан кој е обвинет во судски процеси како „покрив тужбата против ФЕТО“, „соопштување на прашањата на испитот за вработување во јавна служба КПСС“ и „Местење на фудбалски натпревари“, а воедно е донесена и одлука за негово апсење, е назначен за ректор на универзитетот Северна Америка (North American University) во Тексас.

Во соопштението со датум од 19 декември објавено преку интернет на страницата на универзитетот Северна Америка во Тексас за кој што се наведува дека е формиран од страна на членови на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО се вели дека Шериф Али Текалан бил назначен за трет ректор на универзитетот.

Инаку, школата на ФЕТО која во 2010 година делуваше во сојузната држава Тексас под името Колеџ Северна Америка (North American College) со одобрение на Институцијата за високо образование (THECB) во 2013 година го промени своето име во универзитет на Северна Америка (North American University).

Познато е дека Текалан за кого во Турција се донесени одлуки за негово апсење во рамките на низа покренати тужби против ФЕТО најпрвин избегал во Европа, а оттаму заминал за САД.

На Шериф Али Текалан му се суди во врска со судски процеси како што се откривање на прашањата на испитот за вработување во јавна служба КПСС во 2010 година, местење на фудбалски натпревари и покрив тужбата против ФЕТО и се бара да му се изрече затворска казна во траење од десетици години.

Текалан се наоѓа во списокот на „барани терористи“ на Дирекцијата на полицијата означен во категоријата со сива боја за кого е определена награда од 300 илјади турски лири (приближно 85 илјади евра).



Слични вести