На 139-от ден од операцијата Еуфраски штит се неутрализирани 48 терористи на ДАЕШ

На 139-от ден од операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се погодени од копно 246 цели, а од воздух 23 цели на терористичката организација ДАЕШ и се неутрализирани 48 терористи

647034
На 139-от ден од операцијата Еуфраски штит се неутрализирани 48 терористи на ДАЕШ

Во рамките на операцијата Еуфратски штит која што беше започната под водство на Турција на 24 август со цел исчистување на северните делови на Сирија од терористичките елементи се неутрализирани 48 терористи припадници на терористичката организација ДАЕШ.  

Според објавеното соопштение од Турските вооружени сили на 139-от ден од операцијата се погодени од копно 246 цели, а од воздух 23 цели на терористичката организација ДАЕШ.

Како што се дознава меѓу погодените цели се наоѓаат засоништа, одбранбени позиции, командно-контролни објекти, оружје и возила на терористичката организација.

Освен тоа од страна на турските војници се уништени и 3 експлозивни направи од рачна изработка.



Слични вести