Чавушоглу,решително ќе продолжи борбата против сите терористички организации

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу говореше на свеченото отворање на 9. новогодишна амбасадорска средба

647432
Чавушоглу,решително ќе продолжи борбата против сите терористички организации

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека решително ќе продолжи борбата против сите терористички организации кои што се закануваат на Република Турција и на турскиот народ.

Чавушоглу говореше на свеченото отворање на 9. новогодишна амбасадорска средба.Пред средбата делегација на турски дипломати на чело со министерот Чавушоглу го посетија спомен обележјето на министерството. Во оваа прилика министерот Чавушоглу рече дека голем број турски дипломати,службеници во министерството и членови на нивни семејства загинаа од рацете на терористичките организации.

Чавушоглу додаде: го проколнуваме теророт чии жртви беа наши колеги. Сакам уште еднаш да апелирам до сите они кои ги толерираат терористите, дека нема добар и лош терорист.Време е сите заедно да застанеме пред оваа беља.Борбата против тероризмот не треба со ништо да биде условена.ПКК, ДЕАШ, ДХКП-Џ или ФЕТО.Одовде решително истакнувам дека ќе продолжи нашата борба против тероризмот и против сите терористички организации.

Инаку 9.новогодишна амбасадорска средба годинава се одржува на тема „Кон 2023:Национални вредности и глобални цели“.

Како и секоја година и годинава на средбата која ќе трае до 14 јануари се поканети и гости од странство.

Годинава меѓу другите се поканети и министерот за надворешни работи на Грузија Микаил Јанелидзе,министерот на Тунис Хамис ел Џиниави, министерот на Финска  Тимо Соини и генералниот директор на Меѓународната организација за миграција Лејси Свинг.

Инаку новогодишната амбасадорска конференција која се приредува секоја година после нова година од 2008, има големо значење од аспект на сестрано разгледување на турската надворешна политика чија цел е воспоставување на мир и стабилност во регионот и пошироко како и постигнување на поефикасна координација.



Слични вести