Чавушоглу на отворањето на 9-тата амбасадорска конференција: Имаме две приоритетни очекувања од САД

Мевлту Чавушоглу рече: Како прво што поскоро да и бидат предадени на нашата земја челникот на Фетулахистичката терористичка организација и другите функционери. Второ, да се стави крај на соработката со ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК

647337
Чавушоглу на отворањето на 9-тата амбасадорска конференција: Имаме две приоритетни очекувања од САД

Министерот за надворешни работи Мевлту Чавушоглу кој говореше на отворањето на 9-тата амбасадорска конференција во Анкара истакна дека лично верува оти Вашингтонската управа во новиот период нема да продолжи да прави некои стари грешки.

Чавушоглу рече: „Имаме две приоритетни очекувања. Како прво што поскоро да и бидат предадени на нашата земја челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и другите функционери. Второ, да се стави крај на соработката со ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.“  

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде и следното: „Уште еднаш нагласувам дека нема да останеме посматрачи ПКК да ги проширува просторите кои што ги држи под окупација долги години и да формира нов простор на свое влијание сличен со Кандил.“



Слични вести