Во последните 24 часа се погодени 292 цели на ДАЕШ и се убиени 69 терористи

Во последните 24 часа во рамките на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се погодени 292 цели на терористичката организација ДАЕШ и се неутрализирани 69 терористи

646713
Во последните 24 часа се погодени 292 цели на ДАЕШ и се убиени 69 терористи

Операцијата Еуфратски штит која што беше започната под водство на Турските вооружени сили на 24 август влезе во 138-от ден.

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили се истакнува дека во последните 24 часа се погодени 292 цели на терористичката организација ДАЕШ и се неутрализирани 69 терористи. 

Во рамките на операцијата се доведени во неупотреблива состојба места за засолнување, одбранбени позиции и командно-контролни објекти.

Исто така се уништени и 18 згради доведени во состојба на наоружани позиции, 5 контролни пункта, 3 наоружани возила, 2 штабни згради и 7 згради за засолнување.

Освен тоа беше реализирана и воздушна операција на областите Баб, Бзагах, Суфланијах и Кабр ал Мукри.



Слични вести