Претседателот Ердоган и генералниот секретар на ОН Гутерес разговараа за Кипар и Сирија

Во телефонскиот разговор Ердоган и Гутерес разменија мислења во врска со преговарачкиот процес на Кипар, а се осврнаа и на последните случувања во Сирија

646611
Претседателот Ердоган и генералниот секретар на ОН Гутерес разговараа за Кипар и Сирија

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган водеше телефонски разговор со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес.

Во телефонскиот разговор Ердоган и Гутерес разменија мислења во врска со преговарачкиот процес на Кипар, а се осврнаа и на последните случувања во Сирија.

Претседателот Ердоган привлече внимание дека Турција е на страната на праведно, трајно и сеопфатно решение на Кипар, кое што ќе ги задоволи и двете заедници на островот.

Претседателот Ердоган и Антонио Гутерес констатираа дека разговорите кои што ќе ги одржат страните на Кипар во Женева би можеле да бидат значајна можност за решавање на проблемот.    

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес истакна дека ги ценат напорите кои што ги презема Турција во последно време заедно и со актерите во регионот, по прашањата за помош на бегалците и изнаоѓање соодветно решение за сириското прашање.



Слични вести