Премиерот Јилдирим: И ДАЕШ и ПКК и ФЕТО не претставуваат само прашање на Турција

Премиерот Бинали Јилдирим на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот со претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Месуд Барзани на која истакна дека И ДАЕШ и ПКК и ФЕТО не претставуваат само прашање на Турција

646823
Премиерот Јилдирим: И ДАЕШ и ПКК и ФЕТО не претставуваат само прашање на Турција

Премиерот Бинали Јилдирим во рамките на својата посета на Ербил каде што допатува по остварените средби и разговори во ирачкиот главен град Багдад, се состана и со претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Месуд Барзани.

По остварената средба во владината канцеларија премиерот Јилдирим и Месуд Барзани се појавија пред камерите и одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека тероризмот не претставува само прашање на Турција и рече: „И во Багдад и во Ербил остваривме корисни разговори. Би можеле да речеме дека рамката на разговорите се состоеше од два наслови. Едниот заедничката борба против тероризмот, а вториот поголемото работење во економски прашања, инвестициони прашања и прашањето на стекнување на регионот со спокојство. Особено по прашањето на тероризмот ќе биде полезно да се каже следното. И ДАЕШ и ПКК и ФЕТО не претставуваат само прашање на Турција, туку истовремено се прашање и на Ирак и Сирија. Ние во Сирија на нашата јужна граница водиме операција против ДАЕШ. Наша заедничка цел е да ја земеме под контрола оваа перверзна организација. Меѓународната заедница треба да даде поголема поддршка по ова прашање.“

Премиерот Јилдирим продолжи со следните зборови: „Нападите кои што ги реализира ПКК од ирачките територии против нашата земја никако не можат да се прифатат. Ќе се направи се што е неопходно по ова прашање до крај. Никако и никако нема да го прифатиме и проширувањето на оваа терористичка организација кон запад и нејзиното вгнездување во областа Шенгал.“

Јилдирим рече: „Никако нема да дозволиме и ПЈД да доведе до свршен чин во Сирија. Ги принудија на иселување од нивните домови Пешмергите и Арапите кои живееја таму и речиси се нафатија на окупација. Секако колку и да го променат своето име знаеме што прават тие. Тие се добиени од ПКК. Со промена на името не можете да ја промените суштината на работата. ПКК е еднакво на ПЈД е еднакво на ЈПГ.“

Премиерот Бинали Јилдирим го додаде следното: „Благодарам за поддршката која што ја давате по прашањето на затворањето на училиштата на ФЕТО во Ербил. Нашата чувствителност овде е мошне јасна; да не им се наштети на учениците, меѓутоа припадниците на терористичката организација и сопствениците, раководителите на овие училишта да бидат ликвидирани.“



Слични вести