Од 4 до 7 јануари е реализирна операција против терористите во областа на планината Габар
Од 4 до 7 јануари е реализирана операција против терористите во областа на планината Габар во која учествуваа 1.567 војници поддржани и од 5 хеликоптери Скорски, 1 хеликоптер за општа намена Кугер и 2 офанзивни хеликоптери Атак

Во рамките на Заедничката операција „Шехид пешадиски војник Бајрам Кардаш“ која што се реализира во областа на планината Габар кај градот Ширнак од 4 до 7 јануари учествуваа 1.567 војници поддржани и од 5 хеликоптери Скорски, 1 хеликоптер за општа намена Кугер и 2 офанзивни хеликоптери Атак.
Според објавеното соопштение од Генералштабот со цел неутрализирање на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа на планината Габар и уништување на стационирањето на организацијата за време на зимските месеци од 4 до 7 јануари е реализирана Заедничката операција „Шехид пешадиски војник Бајрам Кардаш“.
Во операцијата во чии рамки беа реализирани пребарувања на теренот со површина од приближно 110 квадратни километри во пештери, скривници и населени места беа запленети во различни количини оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа.
Во операцијата учествуваа 6 командоски баталјони засилени и со безбедносни чувари, два жандармериски баталјони за специјални операции и 7 моторизирани пешадиски единици.
На областа која што располага со тешки теренски услови и е од критично значење за сепаратистичко-терористичката организација ПКК со цел спречување на бегството на терористите и воспоставување влијание на ненадеен упад со десантна офанзивна операција беа спуштени командоски единици.
Во операцијата реалзиирана со 1.567 војници поддржани и од 5 хеликоптери Скорски, 1 хеликоптер за општа намена Кугер и 2 офанзивни хеликоптери Атак со разузнавачка цел беа искористени и беспилотни летала.
Во рамките на операцијата беа запленети противавионски митралез ДШК, митралез Бикси, 2 пешадиски пушки калашникови, сончев панел и голем број фрижидери, генератори и други видови материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.
Во реализираната операција во руралното подрачје Ќупели кое што е познато по името планина Габар кај градот Ширнак животот го загубија двајца војници, а 5 мина војнции беа ранети.
Во операцијата беше убиен еден терорист.
Слични вести
