Во операцијата Еуфратски штит се неутрализирани 21 терорист на ДАЕШ

Во реализираните операции од копно и од воздух врз 168 цели на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија се неутрализирани 21 терорист

646272
Во операцијата Еуфратски штит се неутрализирани 21 терорист на ДАЕШ

Во операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се погодени 156 цели на терористичката организација ДАЕШ од копно и 12 цели од воздух и се неутрализирани 21 терорист.

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили се истакнува дека турски воени авиони реализираа воздушна операција врз 12 цели на терористичката организација ДАЕШ во областите Баб, Бзагах, Суфланијах и Кабр Ал Мукри. 

Во воздушната операција беа уништени засолништа, штабни згради, наоружана контролна точка, оружје и возила на терористичката организација ДАЕШ.

Од копно пак со артилериско оружје беа погодени 156 цели на ДАЕШ.

Во судирите и отворениот оган беа неутрализирани 21 терорист на терористичката организација ДАЕШ.

Во областите исчистени од ДАЕШ пак беа уништени 37 експлозивни направи од рачна изработка.

Во соопштението на Турските вооружени сили се нагласува дека се преземаат сите видови мерки и се покажува максимална чувствителност за да не му се наштети на цивилното население во областа.



Слични вести