Турција и Ирак постигнаа согласност за делување во соработка против ДАЕШ

Во Багдад се одржа третиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Ирак на кој е постигната согласност за делување во соработка во борбата против терористичката организација ДАЕШ

646499
Турција и Ирак постигнаа согласност за делување во соработка против ДАЕШ

Турција и Ирак постигнаа согласност по прашањето на соработката во воспоставувањето на безбедноста и стабилноста во регионот.

Премиерот Бинали Јилдирим кој претсојува во посета на Багдад учествуваше на третиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Ирак.

По состанокот беше објавено заедничко соопштение во кое се истакнува следното: „Двете страни нагласи дека нема да го дозволат присуството на било која терористичка организација на своите територии и нема да дозволат никакви активности кои што би претставувале закана за националната безбедност на двете земји. Двете страни изјавија дека ќе делуваат во соработка во борбата што ја води меѓународната коалиција против ДАЕШ.“ 

Во заедничкото соопштение се вели и следното: „Двете страни постигнаа согласност утврдувајќи ги своите интереси и предизвиците на основа на заедничка стратешка визија за заедничка работа за воспоставување на безбедноста и стабилноста во регионот, а со цел елиминирање на сите фактори кои што се закануваат на безбедноста и стабилноста на регионот, вклучувајќи ја и секташката и етничката поларизација.“



Слични вести