Турски џетови уништија 11 цели на ПКК на северот на Ирак, а се убиени и голем број терористи

Турски џетови уништија 11 цели на терористичката организација ПКК во областа на планината Кандил на северот на Ирак, а се убиени и голем број терористи

646420
Турски џетови уништија 11 цели на ПКК на северот на Ирак, а се убиени и голем број терористи

Во реализирана воздушна операција од страна на Турските вооружени сили на северниот дел на Ирак беа уништени 11 цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Генералштабот ги сподели снимките во врска со моментот на погодување на утврдените терористички цели на ПКК во областа на планината Кандил на северот на Ирак.

Во воздушната операција во која учествуваа воени авиони на Турските вооружени сили од типот Ф-16 и Ф-4 беа уништени 11 цели меѓу кои се наоѓаат и скривница, магацин со оружје, засолниште и одбранбена позиција.

Како што се наведува во операцијата се неутрализирани и голем број терористи и се додава дека тоа е установено и од разговорите кои што биле водени по операцијата меѓу терористите преку токи-воки уреди.



Слични вести