Премиерот Бинали Јилдрим замина во посета на Ирак

Премиерот Бинали Јилдирим во рамките на својата дводневна посета на Ирак најпрвин ќе оствари средби и разговори во Багдад, а потоа ќе премине во градот Ербил

646249
Премиерот Бинали Јилдрим замина во посета на Ирак

Премиерот Бинали Јилдирим замина во дводневна работна посета на Ирак.

По повод посетата се предвидува под претседателство на премиерот Бинали Јилдирим и ирачкиот премиер Хајдар ал Ибади да се одржи и третиот состанок на Советот за стратешка соработјка на високо ниво помеѓу Турција и Ирак.

Премиеот Јилдирим во Багдад се планира да оствари средби и со ирачкиот претседател Фуад Масум и претседателот на Претставничкото собрание Селим Џубури, а воедно ќе се состане и со некои водечки ирачки политички функционери и значајни личности креатори на јавното мислење, како и со претставниците на ирачките Туркменци.

Во рамките на разговорите се очекува да бидат разгледани чекорите кои што би можеле да бидат фрлени во правец на трајното воспоставување на стабилноста, просперитетот и безбедноста во регионот.

Во тој контекст ќе се стои на зајакнувањето на соработката во борбата против терористичките организации ПКК, ДАЕШ и ФЕТО кои претставуваат заедничка закана за двете земји.

Во меѓувреме ќе се истражуваат и можностите за издигнување на повисоко ниво на соработката во сферите на економијата, енергијата и транспортот.

Премиерот Бинали Јилдирим по средбите и разговорите во Багдад ќе замине за Ербил каде што ќе се состане со претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Месуд Барзани и со премиерот Нечирван Барзани.

На средбите се очекува да се разговара за прашања посветени на борбата против тероризмот и економијата.



Слични вести