На северот на Сирија кај Ел Баб се убиени 37 терористи на ДАЕШ од кои и тројца т.н. емири

Во воздушна операција на северот на Сирија се погодени 35 цели на терористичката организација ДАЕШ и се неутрализирани 37 терористи меѓу кои се наоѓаат и тројца таканаречени емири

646492
На северот на Сирија кај Ел Баб се убиени 37 терористи на ДАЕШ од кои и тројца т.н. емири

Во воздушна операција во рамките на операцијата Еуфратски штит која се води под водство на Турските воружени сили во областа на градот Ел Баб во северниот дел на Сирија се погодени35 цели на терористичката организација ДАЕШ и се неутрализирани 37 терористи меѓу кои се наоѓаат и тројца таканаречени емири.

Во операцијата животот го загуби и еден подофицер.

Во делот од операцијата Еуфратски штит пак кој што беше реализиран утрово беа неутрализирани 21 терорист на ДАЕШ.

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили беше истакнато дека турски воени авиони реализираа воздушна операција врз 12 цели на терористичката организација ДАЕШ во областите Баб, Бзагах, Суфланијах и Кабр Ал Мукри. 

Во воздушната операција беа уништени засолништа, штабни згради, наоружана контролна точка, оружје и возила на терористичката организација ДАЕШ.

Од копно пак со артилериско оружје беа погодени 156 цели на терористичката организација ДАЕШ и беа уништени 37 експлозивни направи од рачна изработка.

Турските вооружени сили ги преземаат сите видови мерки и се покажува максимална чувствителност за да не му се наштети на цивилното население во областа.

 



Слични вести