Јилдирим: Главна цел на посетата на Ирак е да бидат зајакнати соседските односи

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека главна цел на посетата на Ирак е да бидат зајакнати соседските односи

646143
Јилдирим: Главна цел на посетата на Ирак е да бидат зајакнати соседските односи

Премиерот Бинали Јилдирим на излегување од петочниот намаз одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелни случувања.

Јилдирим истакна дека во рамките на посетата на Ирак што ќе ја оствари на 7 и 8 јануари (сабота и недела) ќе биде поставено на дневен ред прашањето за спречување на нападите на терористичката организација ПКК од териториите на Ирак против Турција 

Велејќи дека главна цел на посетата е да бидат зајакнати соседските односи помеѓу Турција и Ирак, да се зголеми соработката во однос на економски прашања, да се реализираат взаемни инвестирања и да се развие трговијата, премиерот Бинали Јилдирим: „Како потреба на нашата политика за ’зголемување на пријателствата, намалување на непријателствата’ повторно ги поставуваме во колосек односите со нашите соседи, а ќе разговараме и за борбата против ДАЕШ.“

Јилдирим подвлече дека присуството на турските војници во Башика никако не претставува состојба против суверенитетот на Ирак и за време на посетата ќе се разговара и за овие прашања.

„Нашите војници заедно со коалиционите сили кои се наоѓаат во областа им даваат обука и поддршка на ирачките единици кои водат борба против терористичката организација ДАЕШ во различни области на чело со Мосул.“ - рече Јилдирим.

Премиерот Бинали Јилдирим  во рамките на својата посета на Ирак најпрвин во Багдад ќе се состане со ирачкиот премиер Хајдар Ел Ибади, а потоа во Ербил ќе оствари средби со претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Месуд Барзани и со премиерот Нечирван Барзани и притоа ќе го постави на дневен ред прашањето на исчистување на Синџар од терористичката организација ПКК.



Слични вести