Чавушоглу: Опозиционите групи не го прекршуваат прекинот на огнот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави во седиштето на ОН во Њујорк дека постигнатиот прекин на огнот во Сирија се следи одблизу и притоа се согледува дека опозиционите групи не го прекршуваат договорот

646209
Чавушоглу: Опозиционите групи не го прекршуваат прекинот на огнот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа конференција за претставниците на печатот во седиштето на ОН во Њујорк каде што истакна дека основата на разговорите за Сирија во главниот град на Казахстан Астана ќе ја сочинуваат разговорите во Советот за безбедност на ОН и во Женева.

Чавушоглу истакна дека постигнатиот прекин на огнот во Сирија се следи одблизу и притоа се согледува дека опозиционите групи не го прекршуваат договорот.

Велејќи „Разговорите во Астана ќе станат повод за повторно започнување на процесот од Женева. Ние и опозицијата сме искрени, претпазливи и реални.“, Чавушоглу се осврна на значењето од продолжување на прекинот на огнот и доставувањето на хуманитарна помош, а воедно нагласи дека треба да се спречат случаите на прекршување на прекинот на огнот. 

Мевлут Чавушоглу додаде дека случаите на прекршување на прекинот на огнот навремено ги споделуваат со Русија и рече: „Ние сме гарантори на прекинот на огнот. Постои согласност по прашањето на спроведување санкции против прекршувањата.“

Министерот за надворешни работи напомена дека доколку продолжат прекршувањата на прекинот на огнот спогодбата би можела да пропадне.



Слични вести