Бинали Јилдирим и Хајдар ал Ибади одржаа заедничка конференција за печатот

Премиерот Бинали Јилдирим и ирачкиот премиер Хајдар ал Ибади во владиниот дворец во Багдад одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот

646498
Бинали Јилдирим и Хајдар ал Ибади одржаа заедничка конференција за печатот

Премиерот Бинали Јилдирим кој допатува во Багдад каде што ќе оствари низа средби и разговори најпрвин се состана со својот ирачки колега Хајдар ал Ибади.

Јилдирим и Ибади во владиниот дворец одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека ќе бидат реализирани неопходните активности со силите Пешмерги и централните ирачки сили по прашањето на исчистување на Синџар од терористичките елементи.

Јилдирим рече: „За нас независно од тоа од чија страна доаѓа тероризмот е ист.“

Премиерот Бинали Јилдирим својот говор го продолжи со следните зборови: „Изјавата која што ја дадовме во изминативе денови во која рековте ’Нема да дозволиме ПКК да и нанесува штета на Турција преку ирачките територии’ е мошне значајна за нас. Почувствувавме големо задоволство од тоа. Тоа пак на најдобар начин покажува што би можеле да направиме заедно против тероризмот.“

Велејќи „Суверенитетот на Ирак е мошне значаен за нас, нема да дозволиме и нема да учествуваме во ниту една иницијатива и активност која што би му наштетила на вашиот суверенитет“, Јилдирим рече: „На ист начин за нас е значаен и територијалниот интегритет на Ирак и сакаме да се знае и тоа.“ 

Премиерот Бинали Јилдирим во врска со турското воено присуство во Башика рече: „Разговаравме и за ова прашање. Тоа на претставува самоволност, туку неопходност. Гледаме дека се постигнува значаен напредок во исчистувањето на областа од ДАЕШ. Согласно тоа ќе изнајдеме пријателско решение и по ова прашање.“

Осврнувајќи се на елементите на терористичката организација ПКК во Синџар во северниот дел на Ирак, премиерот Јилдирим рече: „Слите Пешмерги и централните ирачки сили ќе ги реализираат неопходните активности по прашањето на исчистување на Синџар од терористите елементи. Независно од тоа од чија страна доаѓа за нас тероризмот е ист. Така да Синџар за нас ја претстав ува најголемата закана, закана од прв степен и му благодариме за чувствителноста и на господинот премиер по прашањето на елиминирањето на заканат. И по ова прашање сме подготвени сме да ја реалзиираме потребната соработка. Не само во Синџар ќе ја продолжиме соработката против терористичките активности насочени кон нашата земја од сите ирачки територии.“

Премиерот Јилдирим во Багдад се планира да оствари средби и со ирачкиот претседател Фуад Масум и претседателот на Претставничкото собрание Селим Џубури, а воедно ќе се состане и со некои водечки ирачки политички функционери и значајни личности креатори на јавното мислење, како и со претставниците на ирачките Туркменци.

Во рамките на разговорите се очекува да бидат разгледани чекорите кои што би можеле да бидат фрлени во правец на трајното воспоставување на стабилноста, просперитетот и безбедноста во регионот.

Во тој контекст ќе се стои на зајакнувањето на соработката во борбата против терористичките организации ПКК, ДАЕШ и ФЕТО кои претставуваат заедничка закана за двете земји.

Во меѓувреме ќе се истражуваат и можностите за издигнување на повисоко ниво на соработката во сферите на економијата, енергијата и транспортот.

Премиерот Бинали Јилдирим по средбите и разговорите во Багдад утре ќе замине за Ербил каде што ќе се состане со претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Месуд Барзани и со премиерот Нечирван Барзани.

На средбите се очекува да се разговара за прашања посветени на борбата против тероризмот и економијата.

 



Слични вести