Ердоган: Некои специјално ги наоружуваат овие организации и ги пуштаат врз Турција

Претседателот Ердоган изјави во Шанлиурфа дека некои специјално ги наоружуваат терористичките организации и ги пуштаат врз Турција

646136
Ердоган: Некои специјално ги наоружуваат овие организации и ги пуштаат врз Турција

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше во градот Шанлиурфа каде што замина по повод колективната церемонија на свечено ставање во употреба на неколку новоизградени објекти.

Ердоган истакна дека крволочната толпа убијци ги продолжува нападитњ во очигледна соработка и рече: „ Доколку помине од собранието јас тоа ќе го ратификувам. Бидејќи да му се прости на еден убиец не претставува право на државата. Не располагаме со право да ги гледаме и храниме овие подли личности кои ги убиваат недолжните луѓе.“ 

Осврнувајќи се и на вчерашниот реализиран терористички напад пред зградата на судот во Измир, претседателот Ердоган објасни дека запленетото оружје, бомбите и муницијата по случајот покажа дека терористите таму дошле за да реализираат еден многу голем масакр.

Ердоган потсети дека благодарение на преземените мерки од страна на полицијата терористите беа сопрени на контролната точка и подвлече дека притоа беше спречена една голема катастрофа. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган предупреди со следните зборови: „Веќе никој не може да ја порекне оваа вистина. Некои специјално ги наоружуваат овие организации и ги пуштаат врз Турција. Оние кои денеска за своите сопствени регионални и актуелни интереси ги пуштаат врз нас терористичките организации утре кога истиот тој оган ќе почне да ги гори и самите нив ќе ја увидат грешката, меѓутоа тогаш веќе ќе биде доцна.“



Слични вести