Остри реакции од владата против терористичкиот напад во Измир

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека го осудува овој напад насочен против општествениот мир и рече: „Турција со единство и заедништво ќе ги преброди овие тешки денови“

645381
Остри реакции од владата против терористичкиот напад во Измир

Од Владата пристигна остра реакција во врска со кукавичкиот терористички напад пред судот во општина Бајракли во Измир.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека го осудува овој напад насочен против општествениот мир.

Велејќи дека Турција со единство и заедништво ќе ги преброди овие тешки денови, Јилдирим рече: „Од страна на терористичките средини треба да се знае дека нема да поткленкеме.“

Министерот за развој Лутфи Елван во пораката што ја објави преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска кукавичкиот терористички напад стави акцент на единството и заедништвото.

Елван напиша: „Што и да прават ќе продолжиме да ги пресушуваме нивните мочуриштата од каде што доаѓаат.“

Министерот за развој Лутфи Елван во својата порака напиша: „Нема да успеете! Нема да потклекне и Измир, нема да потклекне и Турција. Секој нека знае дека сите терористички организации кои преминаа во сеопфатен напад против нашата земја не го добијат потребниот одговор.“

Министерот Елван освен тоа во својата порака на загинатите во нападот им посака милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување.

Министерот за транспорт, поморство и комуникација Ахмет Арслан истакна: „Додека ја опремуваме нашата земја со џиновски услуги кукавиците кои сакаат да ја сопрат и да го пресечат нејзиниот пат и терористичките организации не мируваат.“

Министерот за одбрана Фикри Ишик рече: „Го изразувам моето сочувство до нашиот народ. Аллах нека ги чува нашите јуначки безбедносни сили.“

Министерот за храна, земјоделство и сточарство Фарук Челик истакна: „Овие последни здивови на тероризмот нема да му придадат ништо. Со Аллахова помош нема да и нанесат никаква загуба на нашата земја.“ 

Во врска со терористичкиот напад пред судот во општина Бајракли во градот Измир пристигна реакција и од опозиционата Партија за националистичко движење (МХП).

Потпретседателот на МХП и пратеник од Измир Ахмет Кенан Танрикулу го осуди нападот и рече: „Ниту еден терористички напад не ќе може да им наштети на братството и топлината на Измир.“

Танрикулу во објавеното писмено соопштение истакна: „Како народ со Аллахова помош нема да потклекнеме пред тероризмот. Нема да дозволиме никој да го расипе нашето единство и заедништво.“



Слични вести