Хамас одлучи да учествува на претстојниот состанок на Палестинскиот национален совет

Хамас ја прифати поканата на претседателот на Палестинскиот национален совет Селим ез-Занун за учество на состанокот на Палестинскиот национален совет шот ќе се одржи на 10 и 11 јануари во либанскиот главен град Бејрут

644942
Хамас одлучи да учествува на претстојниот состанок на Палестинскиот национален совет

Хамас одлучи да учествува на состанокот на Палестинскиот национален совет шот ќе се одржи на 10 и 11 јануари во либанскиот главен град Бејрут.

Во објавеното писмено соопштение од Хамас се истакнува дека поканата на претседателот на Палестинскиот национален совет Селим ез-Занун за учество на состанокот на подготвителниот комитет била разгледана од страна на раководството и била донесена позитивна одлука.

Во соопштението се вели следното: „Во рамките на зајакнување на сојузот меѓу палестинските групи и имплементацијата на договорот за компромис, како и ставање крај на поделеноста е донесена одлука за учество на состанокот што ќе се одржи на 10 и 11 јануари во либанскиот главен град Бејрут.“

Членовите на Управниот одбор на Палестинскиот национален совет кој се оценува како „Парламент“ во кој се претставени сите Палестинци внатре во земјата и надвор од земјата, ги опфаќа сите палестински групи со исклучок на Хамас и Исламски Џихад.



Слични вести