Ердоган: Заканите против Турција треба да се уништат во нивниот извор

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свеченото ставање во употреба на новоизградената метро линија Ќечиорен во Анкара истакна дека заканите насочени против Турција треба да се уништат во нивниот извор

645205
Ердоган: Заканите против Турција треба да се уништат во нивниот извор

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свеченото ставање во употреба на новоизградената метро линија Ќечиорен во Анкара истакна дека оние кои не можат да се осмелат да застанат пред Турција со посредство на терористичките организации прават пресметки како да и забијат нож во грб и на тој начин да и го изгорат срцето.

Ердоган потцрта дека заканите насочени против Турција треба да се уништат во нивниот извор.

Велејќи дека Турција ќе продолжи по својот пат, претседателот Ердоган рече: „Не е залудно тоа што оние кои одредено време не приклештуваа и неморално не обвинуваа велејќи ’не водите борба против ДАЕШ’ тогаш кога и се нафрливме на оваа организација застанаа пред нас велат ’не одете понапред’; Не е залудно тоа што велат „немојте да преминете повеќе од 20 километри“. Без оглед на тоа што велат тие ние самите си ја пресековме нашата папочна врвца и го продолжуваме патот.

Привлекувајќи внимание дека борбата на Турција против терористичката организација ДАЕШ ќе продолжи, претседателот Реџеп тајјип Ердоган продолжи со следните зборови: „Игрите и изговорите на оние кои против ДАЕШ поддржуваат друга терористичка организација со стапување во акција на Турција се пореметени. Се согледа дека овие немаат за цел да го исчистат регионот од ДАЕШ и од другите терористички организации, туку спротивно на тоа регионот е претворен во море од крв и оган кој што не знае да престане.“  

Нагласувајќи дека заканите насочени против Турција треба да се уништат во нивниот извор, претседателот Ердоган рече: „Ова никако не треба да го заборавиме; безбедноста на Турција не почнува во Газиантеп туку почнува во Алепо, не почнува во Хатај туку во Идлиб, не почнува во Мерсин туку во Кипар, не почнува во Карс туку во Нахчиван, не почнува во Артвин туку во Батум и не почнува во Тракија туку на Балканот. Тоа така треба да го знаеме:“

Претседателот Ердоган привлече внимание дека терористичките организации немаат никаква разлика една од друга и рече: „ДАЕШ, ПКК, ПЈД, ЈПГ, ДХКП-Џ и додавам ФЕТО, немаат никаква разлика една од друга. Ионака никогаш немаа потреба да ги сокријат овие свои намери.“



Слични вести