Ердоган: Терористичките напади се реализираат за да бидеме доведени едни наспроти други

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека терористичките напади се реализираат за да бидеме доведени едни наспроти други во земјата

644438
Ердоган: Терористичките напади се реализираат за да бидеме доведени едни наспроти други

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган им се обрати на граѓаните преку социјалната мрежа Твитер и привлече внимание дека терористичките напади се реализираат за да бидеме доведени едни наспроти други во земјата.

Нагласувајќи дека денес Турција води една нова борба за независност, Ердоган предупреди со следните зборови: „Ако ја изгубиме оваа борба повторно ќе биде поставено пред нас едно сценарио од Севр кое што не успеа да се оствари пред сто години.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го напиша следното: „Денес Турција е во една нова борба за независност. Ако ја добиеме оваа борба ќе достигнеме до нашите цели за 2023 година и ќе ги обликуваме нашите визии за 2053 и 2071 година. Ако изгубиме повторно ќе биде поставено пред нас едно сценарио од Севр кое што не успеа да се оствари пред сто години. Главна цел на нападите насочени против напшата земја е да се поремети нашата рамнотежа, нашите чувства да се истакнат пред нашиот ум и да бидеме доведени едни наспроти други. Сите наши граѓани, секој оној кој сноси одговорност треба да приоѓаат кон прашањето со оваа свест; Согласно тоа треба да ги определат својот став, приод и својот збор. Тајната за да би можеле да се одржиме на нозе на овие територии е и покрај сите наши различности да изградиме заедничка татковина и свест за заеднички народ. Со Аллахова помош и со поддршка на нашиот народ располагаме со сила и одлучност за да би можеле да се справиме со нападите насочени против нашата земја.“



Слични вести