Турските војници уште две години во Мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан
Турција уште од почетокот вложува големи напори за воспоставување на стабилноста во Авганистан

Големото национално собрание на Турција го одобри предлогот за пролонгирање на мандатот на турските војници за уште две години во рамките на мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Пратениците на владејачката Партија за правда и развој (АКП), опозиционите партии Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата за национално движење гласаа за усвојување на одобрението.
Министерот за одбрана Фикри Ишик рече дека во Авганистан се наоѓаат 700 воен персонал на Турските вооружени сили и подвлече дека Турција уште од почетокот вложува големи напори за воспоставување на стабилноста во Авганистан.
Со одобрението се опфаќа и префрлањето на странскиот персонал кој ќе биде испратен на задача во мисијата во Авганистан, да се испратат преку Турција.
Слични вести

Ердоган: „Поседувањето силна флота многу повеќе е нужност отколку избор“
Ердоган: „Поседувањето силна флота многу повеќе е нужност отколку избор“