Собранието на Турција ја продолжи вонредната состојба за уште 3 месеци

Собранието на својата синоќешна седница го усвои владиниот предлог за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште 3 месеци почнувајќи од 19 јануари 2017 година

643572
Собранието на Турција ја продолжи вонредната состојба за уште 3 месеци

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) одлучи вонредната состојба во земјата да биде продолжена уште еднаш во времетраење од 3 месеци.

Владиниот предлог за продолжување на вонредната состојба почнувајќи од 19 јануари за уште 3 месеци беше усвоен на синоќешната седница на Собранието.

Вонредната состојба беше вовeдена на 20 јули по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш во говорот што го одржа на синоќешната седница на Собранието како причина за продолжување на вонредната состојба за уште 3 месеци го изнесе структуирањето на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО во државните институции.

Велејќи дека сеуште не е завршено во потополност исчистувањето на ФЕТО од државните институции, Куртулмуш рече: „Вонредната состојба ќе продолжи се додека не бидат во потполност исчистени од државата ФЕТО и сите други терористички организации.“

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш истакна дека ниту една влада не би сакала да продолжи вонредна состојба во земјата и рече: „Вонредната состојба е потребна и задолжителна од аспект на националната безбедност на државата. Ќе ставиме крај на причините и ќе го продолжиме нашиот пат. Продолжувањето за уште 3 месеци е правилна одлука и одлука на место.“



Слични вести