Ердоган, бегањето им е својствено на кукавиците,нашиот народ е храбар

Турција и турскиот народ,рече претседателот Ердоган се наоѓаат пред директните закани на терористичките организации и како да се пред испит пред овој оган

644170
Ердоган, бегањето им е својствено на кукавиците,нашиот народ е храбар

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека целта на последните терористички напади во земјава е да сеат раздор меѓу народот.

Претседателот Ердоган говореше на 33.седница на претседателите на месните заедници и во говорот меѓу другото се задржа на последните терористички напади во земјава.

Турција и турскиот народ,рече Ердоган се наоѓаат пред директните закани на терористичките организации и како да се пред испит пред овој оган.Сепак факт е дека Турција и турскиот народ ја имаат силата да излезат на крај со овие напади.

Вистинска цел на терористичките напади кои ја потресуваат земјава е да сеат раздор меѓу нас. Овие средини ја користат секоја прилика за да создадат поделби меѓу народот,но ние нема да бидеме излажани, туку ќе стоиме исправено и ќе делуваме ладнокрвно. Бегањето им е својствено на кукавиците,нашиот народ е храбар.

Секој говор во правец на тоа дека Турција се предава на теророт и терористите е исто како да се застане во нивна одбрана.Секој оној кој што смета дека борбата на Турција заради обезбедување на сопствената безбедност претставува мешање во внатрешните работи на друга земја, нема апсолутно било каков поим за сето она што навистина се случува. Да се нападне една земја која води најефикасна борба против ДЕАШ со тоа дека се уште ја поддржува оваа терористичка организација, е еднакво со тврдењата на земјите кои преку терористички организации ја напаѓаат Турција.

Акциите на копање ендеци покажаа дека средините кои со години го злоупотребуваа курдското прашање,всушност се не грижеле толку многу за курдското население како што се претставуваа.Начинот на живот на било кој поединец во Турција не е под систематска закана.

Претседателот Ердоган на крајот од говорот категорично рече дека мерките кои што се преземаат против сите оние кои било во дело, било со збор или пишан текст ја поддржуваат терористичко сепаратистичката организација ПКК, терористичката организација ФЕТО која ја злоупотребува религијата, како и терористичката организација ДЕАШ, ќе бидат преземени и против сите оние кои се обидуваат да предизвикаат раздор на верска и секташка основа или на основа на начин на живот.



Слични вести