Премиерот Бинали Јилдирим на 5 и 6 јануари ќе престојува во посета на Ирак

Премиерот Бинали Јилдирим најпрвин ќе престојува во посета на Багдад каде што ќе се состане со ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади, а потоа ќе го посети и градот Ербил каде ќе има средба со претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Месут Барзани

642737
Премиерот Бинали Јилдирим на 5 и 6 јануари ќе престојува во посета на Ирак

Според добиени информации од владини извори премиерот Бинали Јилдирим на 5 и 6 јануари ќе престојува во посета на ирачкиот главен град Багдад и на градот Ербил.

Премиерот Јилдирим најпрвин во Багдад ќе се состане со ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади, а потоа во градот Ербил ќе оствари средба со претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Месут Барзани.

Последната посета на ниво на премиер од Турција на Багдад беше остварена во ноември 2014 година од страна на тогашниот премиер Ахмет Давутоглу, а веднаш потоа ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади во декември 2014 година ја посети Анкара.

Во последно време дојде до затегнатост во односите помеѓу Ирак и Турција.

За изнаоѓање решение за присутните проблеми помеѓу властите во Багдад и Анкара на чело со турското воено присуство во кампот Башика во близина на Мосул, беа остварени обострани разговори.

На крајот на овие разговори затегнатоста помеѓу Турција и ирачката централна влада се намали и Ирак со задоцнување од 5 месеци во мај 2015 година испрати свој амбасадор во Анкара.

Меѓутоа во октомври 2016 година се појави нова криза помеѓу двете земји.

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на својата седница на 1 октомври го продолжи до 2017 година владиниот документ со кој што и се дава надлежност на владата за реализација на прекугранични операции од страна на Турските вооружени сили во Ирак и Сирија.

Ирачкиот парламент се спротивстави на оваа одлука и на присуството на Турските вооружени сили во кампот Башика по што на 5 октомври побара Турција да стави крај на своето воено присуство во земјата и да го испразни кампот Башика. 

По усвојувањето на оваа одлука од страна на ирачкиот парламент повторно дојде до затегнување во односите на линијата Багдад-Анкара.

Од друга страна кај Турција постоеја и сеуште постојат извесни чувствителности во врска со операцијата за спасување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.

Официјална Анкара беше и сеуште е загрижена од промената на демографската структура во градот Мосул кој инаку е втор по големина град на Ирак кој во јуни 2014 година беше заземен од страна на терористичката организација ДАЕШ.

По појавата и на оваа затегнатост двете земји меѓусебно испратија свои делегации и беа преземени иницијативи за намалување на затегнатоста, по што беа дадени позитивни пораки и од страна на двете земји.

На крајот на декември пак како последно претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади.

На дневен ред на разговорот беа поставени билатералните односи како и заедничката борба против тероризмот.



Слични вести