Нуман Куртулмуш: Турција нема да ги остави неказнети овие кукавички напади

Вицепремиерот и владин портпарол Нуман Куртулмуш кој истакна дека Турција ќе продолжи да води едновремена борба против терористичките организации и рече: „Турција нема да ги остави неказнети овие кукавички напади.“

642931
Нуман Куртулмуш: Турција нема да ги остави неказнети овие кукавички напади

Првиот состанок на владата во новата година се одржа вчера во претседателската палата во Бештепе во Аникара под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Главна точка на дневниот ред на состанокот секако беше терористичкиот напад за време на новогодишната ноќ во Ортаќој во Истанбул.

По состанокот изјава пристигна од вицепремиерот и владин портпарол Нуман Куртулмуш кој истакна дека Турција ќе продолжи да води едновремена борба против терористичките организации и рече: „Турција нема да ги остави неказнети овие кукавички напади.“

Велејќи дека ќе продолжат и мировните иницијативи на Турција на Блискиот исток, Куртулмуш напомена дека ќе биде започнат нов период со Ирак.

„Се подразбира дека успешната и одлучна реализација особено на операцијата Еуфратски штит во Сирија предизвикува вознемиреност и кај терористичките организации и кај оние кои ги користат како подизведувачи овие терористички организации. Силите на кои не им оди во прилог успехот што го постигнуваме во последно време особено на терен ги пренасочуваат терористичките акции кон Турција.“ - рече Нуман Куртулмуш.

Вицепремиерот и владин портпарол Нуман Куртулмуш го додаде и следното: „Какви планови и да правите Турција располага со сила да ги преземе сите мерки. Операциите ќе продолжат се додека не биде ставено крај на заканата на терористичките организации против Турција. До каде и да се оди до Џераблус, Менбич, Ел Баб. Прекуграничните операции ќе ги продолжиме со одлучност.“



Слични вести