Нечирван Барзани: За целосно елиминирање на тероризмот треба да се делува заедно

Премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани истакна дека за целосно елиминирање на тероризмот треба да се делува заедно

642731
Нечирван Барзани: За целосно елиминирање на тероризмот треба да се делува заедно

Изјави од премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани во врска со Турција.

Нечирван Барзани нагласи дека остро го осудува терористичкиот напад за време на новогодишната прослава во еден ноќен клуб во Истанбул во кој животот го загубија 39 лица.

Барзани напомена дека за целосно елиминирање на тероризмот треба да се делува заедно.

На едно поставено прашање од страна на новинарите во врска со присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Синџар во северниот дел на Ирак, премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани нагласи дека терористичката организација треба да се повлече од оваа област и додаде дека присуството на оваа организација во областа доведува до нестабилност.

Барзани истакна дека одиграле позитивна улога во топењето на мразот помеѓу Багдад и Анкара и повторното нормализирање на односите, а воедно потсети дека премиерот Бинали Јилдирим по претстојната посета на Багдад што ќе ја оствари на 5 и 6 јануари ќе наврати и во Ербил.



Слични вести