Во реализирани операции внатре во земјата за една недела се убиени 26 терористи на ПКК

Во реализирани операции во последната една недела внатре во земјата се неутрализирани 26 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

642577
Во реализирани операции внатре во земјата за една недела се убиени 26 терористи на ПКК

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во реализирани операции во последната една недела внатре во земјата се неутрализирани 26 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од министерството се вели дека во последната една недела од страна на полициските сили, Жандармеријата и Турските вооружени сили беа реализирани 274 операции против терористичката организација ПКК/КЏК.

Во операциите на безбедносните сили беа притворени 342 лица за кои беше установено дека им доставувале помош и пружале уточиште на членовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Од овие 342 притворени лица 34 беа уапсени.

Во реализираните операции беа уништени голем број засолништа и скривници, а беше запленета и голема количина муниција на терористичката организација.

Во рамките на борбата против Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ пак беа притворени 475 лица од кои во врска со 116 лица потоа беше донесена одлука и за нивно апсење.

Освен тоа во реализираните операции беа притворени и 147 лица за кои беше установено дека се поврзани со терористичката организација ДАЕШ од кои за 25 лица потоа беше донесена одлука и за нивно апсење.



Слични вести