Уапсени 8 лица во истрагата за нападот на ноќниот клуб во Ортаќој

Полицијата сега истражува дали напаѓачот чиј изглед е откриен добил помош од некој од клубот за забава

642518
Уапсени 8 лица во истрагата за нападот на ноќниот клуб во Ортаќој

Истанбулската полиција уапсила 8 сомнителни лица во истрагата за откривање на напаѓачот на ноќниот клуб во Ортаќој.

Во меѓувреме се појави и фотографија на терористот која ја снимила една од безбедносните камери на клубот.

Полицијата сега истражува дали напаѓачот чиј изглед е откриен добил помош од некој од клубот за забава.

Полицијата детално ги испитува снимките од безбедносните камери како во ноќниот клуб каде беше извршен нападот така и во неговото опркужување.

Се дознава дека се заокружуваат контурите на терористичката организација со која најверојатно бил поврзан напаѓачот.

 

 



Слични вести