Турски и руски џетови уништија 111 цели на ДАЕШ и неутрализираа 22-јца терористи

Во рамките на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија турски и руски џетови уништија 111 цели на терористичката организација ДАЕШ и неутрализираа 22-јца терористи

642179
Турски и руски џетови уништија 111 цели на ДАЕШ и неутрализираа 22-јца терористи

Во 132-от ден од операцијата Еуфратски штит која беше започната под водство на Турските вооружени сили на 24 август со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи се неутрализирани 22-јца членови на терористичката организација ДАЕШ. 

Во операциите се уништени и 111 терористички цели.

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили се истакнува дека со помош на воени авиони на командата на воздушните сили во рамките на операцијата која продолжува против терористичките цели во северниот дел на Сирија се уништени 8 цели на терористичката организација ДАЕШ во Ел Баб, Бзагах и Тадиф меѓу кои се наоѓаат и наоружана позиција, заолниште и штаб.  

Освен  тоа во соопштението се додава дека руски џетови уништија цели на терористичката организација ДАЕШ во областа Дајр Как југозападно од Ел Баб.



Слични вести