Јилдирим: Реториките со фалење на тероризмот се кривично дело и ќе имаат казнени последици

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека реториките со фалење на тероризмот се кривично дело и ќе имаат казнени последици

641990
Јилдирим: Реториките со фалење на тероризмот се кривично дело и ќе имаат казнени последици

Премиерот Бинали Јилдирим ги предупреди оние кои споделуваат пораки преку социјалните медиуми во врска со терористичките акции.

Јилдирим истакна дека во пораката што ја објави преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер истакна дека терористичките организации не се различни една од друга.

Бинали Јилдирим подвлече дека цел на овие организации е безмилосно убивање на луѓето и создавање страв и загриженост кај општеството.

Велејќи дека реториките со фалење на тероризмот претставуваат кривично дело, премиерот Бинали Јилдирим во својата порака напиша: „Значајно е нашите граѓани да се однесуваат одговорно во сферата на социјалните медиуми и да избегнуваат од споделување на пораки кои што би обезбедиле придонес кон целта на терористичките организации.“ 

Министерот за правда Бекир Боздаг исто така нагласи дека упатувањето пофалби и поддржувањето на тероризмот, терористичките организации, терористите и терористичките акции претставува кривично дело.

Боздаг напомена дека јавните обвинители ќе поведат истраги по ова прашање.



Слични вести