Честитка од Чавушоглу до петте нови непостојани земји членки во СБ на ОН

Мевлут Чавушоглу во својата порака со честитка која што ја сподели преку социјалната мрежа Твитер напиша: „Држејќи го во сеќавање нашиот принцип Светот е поголем од 5 очекуваме да придонесат во работите на Советот за безбедност на ОН.“

642651
Честитка од Чавушоглу до петте нови непостојани земји членки во СБ на ОН

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу им честита на петте нови непостојани земји членки на Советот за безбедност на ОН.

Мевлут Чавушоглу во својата порака со честитка која што ја сподели преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Им честитаме на петте нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН Етиопија, Боливија, Казахстан, Шведска и Италија чиј двогодишен мандат започна на 1 јануари. Држејќи го во сеќавање нашиот принцип Светот е поголем од 5  очекуваме да придонесат во работите на Советот за безбедност на ОН.“

На местото на Венецуела, Малезија, Нов Зеланд, Шпанија и Ангола чиј двогодишен мандат како непостојани членки во Советот за безбедност на ОН заврши нови пет земји непостојани членки станаа Етиопија, Боливија, Казахстан, Шведска и Италија.

Во Советот за безбедност на ОН кој брои 15 земји членки 5 земји се постојани членки кои воендо располагаат и со право на вето и тоа САД, Русија, Велика Британија, Франција и Кина, додека останатите 10 земји се непостојани членки кои се избираат со мандат од две години и секоја година се менуваат 5 од нив.

Така на крајот на 2017 година ќе им истече двогодишниот мандат на Јапонија, Украина, Уругвај, Египет и Сенегал, а на нивно место ќе бидат избрани во текот на оваа година 5 нови земји привремени членки на Советот за безбедност на ОН.

 



Слични вести