Продолжуваат бегствата од терористичката организација ПКК

7 терористи кои избегале од терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак им се предадоа на турските безбедносни сили во Силопи кај градот Ширнак, а еден терорист им се предаде на безбедносните сили во Шемдинли кај градот Хаќќари

639569
Продолжуваат бегствата од терористичката организација ПКК

Продолжуваат процесот на расформирање и бегствата од сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Како последно 7 терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак им се предадоа на турските безбедносни сили во населеното место Силопи кај градот Ширнак.

Терористите кои им се предадоа на безбедносните сили немаа оружје и воена опрема на себе.

Во меѓувреме еден терорист на ПКК им се предаде на безбедносните сили и во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари.



Слични вести