Поддршка од Москва на зборовите на Ердоган дека коалиционите сили ја поддржуваат ДАЕШ
Претседателот на Комисијата за политика и информирање на Советот на Федерацијата на Горниот Дом на рускиот парламент Алексеј Пушков истакна дека претседателот Ердоган е во право кога вели дека коалиционите сили ја поддржуваат ДАЕШ

На изјавата на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган „Ја поддржуваат ДАЕШ“ пристигна поддршка од Москва.
Претседателот на Комисијата за политика и информирање на Советот на Федерацијата на Горниот Дом на рускиот парламент Алексеј Пушков истакна дека претседателот Ердоган е во право кога вели дека коалицијата предводена од САД ја поддржува терористичката организација ДАЕШ.
Пушков во пораката што ја сподели преку својот Твитер профил напиша: „Ердоган е во право: Постојат голем број работи кои што покажуваат дека САД ги поддржуваат терористичките организации. Обидот на американскиот државен секретаријат за тврдење на спротивното за оваа јасна состојба е глупост.“
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот синоќа со претседателот на Гвинеја Алфа Конде во Анкара го рече следното: „„За жал коалиционите сили не ги исполнуваат своите ветувања. Дадените ветувања беа различни, меѓутоа сега се на различна позиција. Независно од тоа ние во моментов одлучно го продолжуваме и ќе го продолжиме нашиот пат. Не е можно да се вратиме од овој пат на кој што сме излезени.“
Слични вести
