Вицепремиерот Кајнак информираше за проектите кои што ќе ги подготви Турција за сириските бегалци

Потпретседателот на владата Вејси Кајнак ги сподели со печатот новите проекти кои што ќе ги стави во примена Турција во врска со сириските бегалци

638758
Вицепремиерот Кајнак информираше за проектите кои што ќе ги подготви Турција за сириските бегалци

На сириска страна на границата на површина од 650 илјади хектари ќе се формира камп наменет за сириските бегалци.

Потпретседателот на владата Вејси Кајнак ги сподели со печатот новите проекти кои што ќе ги стави во примена Турција во врска со сириските бегалци.

Велејќи дека ќе биде формиран камп за Сиријците, Кајнак рече: „Во Сирија пронајдовме површина од 650 илјади хектари. Посакавме да подготвиме едно такво место кое што ќе биде и надвор од границите на Турција и нема да биде под закана на сирискиот режим и не ќе може да и наштети на нашата внатрешна безбедност. Изградебата е завршена. Посакавме да биде камп кој што ќе биде под контрола.“

Еден од проектите кои што ќе ги стави во примена Турција во врска со сириските бегалци е и проектот „Безбедно село“.

Потпретседателот на владата Вејси Кајнак во врска со овој проект рече: „Во Килис работиме за формирање на цивилен живот. Во Азез и Чобанбеј има 650 илјади лица. 180-190 илјади лица се на отворено без покрив над главата. Ако изградиме селски куќи овдешното земјиште е плодно. Можат да се одгледуваат маслинки, лешник и памук.“

Осврнувајќи се и на Сиријците кои живеат надвор од бегалските кампови, Вејси Кајнак рече: „Оние во камповите во извесна мера се под контрола. Надвор има 2,5 милиони луѓе. Не биле вклучени во животот со замисла дека ќе си заминат по 3 месеци. Постои можност од појава на една изгубена генерација. Овие луѓе и да би останале во Турција и да би заминале ќе бидат без одредена професија или занимање и безнадежни. Ќе се приклучат или кон ДАЕШ или кон Ал Каеда. Оваа изгубена генерација и да би останала во Турција и да би заминала во Сирија претставува голема опасност за Европа. Ќе подготвиме проект и за тоа.“  

Програмата Изгубени генерации ќе се води заедно со ЕУ.



Слични вести