Пораките на лидерите по повод одбележувањето на годишнината од смртта на Мехмет Акиф Ерсој

Ерсој беше човекот на големата борба, поетот на Националната химна на Турција, една од најзначајните алки на научната и просветна традиција

639009
Пораките на лидерите по повод одбележувањето на годишнината од смртта на Мехмет Акиф Ерсој

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека денес, на патот на отстранувањето на сите закани насочени против земјава имаме многу поголема потреба од национален компромис на кој посочуваше Мехмет Акиф Ерсој, поетот на Националната химна на Турција.

Претседателот Ердоган во пораката по повод 80-та годишнина од смртта на Мехмет Акиф Ерсој рече дека човекот на големата борба, поетот на Националната химна на Турција, една од најзначајните алки на научната и просветна традиција, со своите дела, песни, продолжува да го осветлува патот и предводничката улога. Херојските епови на Акиф посветени на Битката на Чанаккале и Народноослободителната борба, претставуваат најдобар пример на одразот на одлучноста на граѓаните за независноста и слободата, вербата, духовното единство.

Заедничка задача на сите е добро да се сфатат поимите за основните елементи на националното единство и братство, страста на народот кон независноста, љубовта кон татковината и знамето, борбениот дух, излегувањето во пресрет на националните и духовни вредности кои на најдобар начин се изразени во делата на Мехмет Акиф Ерсој како и пренесувањето на истите на идните генерации. На годишнината од смртта на националниот поет Мехмет Акиф Ерсој му посакувам Аллахова милост и се сеќаваме со почит и благодарност.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Кахраман во пораката по повод одбележувањето на 80-та годишнина од смртта на националниот пет Мехмет Акиф Ерсој рече:

Мехмет Акиф веруваше дека спасот на исламскиот свет поминува низ ослободувањето и спасот на Анадолија од непријателотç Тој беше голем мислител кој беше пратеник и во Големото национално собрание на Турција и голем верник и човек на каузата.

Претседателот на собранието Кахраман потенцираше дека Мехмет Акиф Ерсој, националната химна ја започнува со зборот „Не се плаши“ нагласувајќи дека беше голем патриот, кој на народот му препорачуваше и го поттикнуваше да не паѓа во очај.

Името и делата на националниот поет Акф ќе живеат вечно се додека постои нашиот народ, рече Кахраман.

80-та годишнина од смртта на поетот на националната химна Мехмет Акиф Ерсој денес беше одбележана со комеморации низ целата земја.

Поетот на националната химна на Турција, истовремено писател и поте на Епот за Чанаккале (Çanakkale Destanı), Славеј (Bülbül) и Етапи (Safahat), почина на 27 декември 1936 година.



Слични вести